УТРО.мк

ГОРИ ОГРОМНА ПОВРШИНА: Ново видео од пожарот кај Желино – затворен автопатот Скопје–Тетово, ангажирана војска и авијација

ГОРИ ОГРОМНА ПОВРШИНА: Ново видео од пожарот кај Желино – затворен автопатот Скопје–Тетово, ангажирана војска и авијација
Vero

На ново видео од пожарот кај Желино кое го објави ТВ21 се гледа како огнената стихија брзо се шири и зафаќа голема површина. Противпожарни екипи се на терен и интензивно интервенираат, а засега нема информации за повредени лица.

Автопатот Скопје–Тетово е целосно затворен во двата правци поради безбедносни причини.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека пожарот бил намерно подметнат.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека на терен се ангажирани еден армиски хеликоптер, полициски камион МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауера, хермелин, 30 припадници на АРМ, како и екипи од скопската бригада и тетовската противпожарна единица. Во 16:00 часот треба да полетаат и два ер трактори за гаснење од воздух.

Извор: ТВ21

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран