УТРО.мк

Евидентирани 11 пожари на отворено – сите изгаснати

Евидентирани 11 пожари на отворено – сите изгаснати
Vero

До 7 часот изутринава, Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на Република Северна Македонија биле евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Според информациите, сите пожари се веќе изгаснати, а не се регистрирани активни или пожари под контрола.

Најголем дел од пожарите зафатиле ниска вегетација, деградирана шума и сува трева. Изгаснати се пожари во општините Долнени, Липково, Чашка, Македонски Брод, Тетово, Врапчиште, Кичево, Делчево и Виница.

Надлежните апелираат на внимателност, особено во деновите со високи температури, кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран