УТРО.мк

Армиски хеликоптер утринава интервенираше во гасење на пожар во близина на Општина Василево [ФОТО]

Армиски хеликоптер утринава интервенираше во гасење на пожар во близина на Општина Василево [ФОТО]
Vero

Армискиот хеликоптер Ми-8/17 утрово беше ангажиран за гасење на пожар кај село Нивичино, Општина Василево. Интервенцијата започна во 06:00 часот, со цел брза реакција на пожар кој зафати тешко пристапен терен. Во акцијата беа исфрлени 12 ведра со вкупно 24 тони вода.

Воздушното гасење се спроведува во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Целта е јасна – заштита на населението, шумите и имотот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран