УТРО.мк

Апелација ја потврди затворската казна за Стевчо Јакимовски

Апелација ја потврди затворската казна за Стевчо Јакимовски
Vero

Апелацискиот суд Скопје ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот што се однесува на кривичното дело бесправно градење поврзано со изградбата на општинската административна зграда.

Со оглед на тоа што во изречената казна му се пресметуваат петте месеци поминати во куќен притвор, во периодот од март до август 2019 година, Јакимовски ќе треба да издржи уште седум месеци затвор во КПУ „Шуто Оризари“. Предметот во овој дел е препратен кај судија за извршување санкции.

Истовремено, Апелацискиот суд донел одлука за делумно укинување на првостепената пресуда од април минатата година, со која Јакимовски првично беше осуден на вкупно три и пол години затвор.

Потврдена останува казната од една година затвор за бесправно градење, додека обвинението за злоупотреба на службената положба и овластување, за кое првично доби тригодишна затворска казна, е укинато и вратено на повторно судење. Станува збор за дело кое се однесува на периодот од 2011 до 2017 година, а кривичното гонење за него застарува во 2027 година.

Апелација ја укинала и условната осуда за второобвинетиот Т.Ѓ., а предметот во однос на него е вратен на повторна постапка.

Повтореното судење ќе го води нов судија, бидејќи претходниот повеќе не работи во Одделот за организиран криминал и корупција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin