УТРО.мк

Тивок симптом што може да биде знак на срцев удар: Жените често го игнорираат

Тивок симптом што може да биде знак на срцев удар: Жените често го игнорираат
Vero

Срцев удар не мора секогаш да се манифестира со силна болка во градите.

Кај многу луѓе, особено кај жените, постари лица и лица со хронични заболувања, првиот знак може да биде неочекуван – болка во вилицата, вратот, рамото или раката, без болка во градите.

Кога срцето слабеe и не добива доволно кислород, болката понекогаш „се пренесува“ во други делови на телото. Мозокот може погрешно да ги толкува сигналите од срцето, па непријатноста се чувствува на места каде најмалку се очекува – во вилицата, вратот или левата рака.

Жените често имаат нетипични симптоми. Наместо класична болка во градите, можат да почувствуваат притисок во вилицата, забоболка или тупa бол во рамото и вратот. Постарите лица и лицата со дијабетес често ги занемаруваат овие знаци, мислејќи дека се последица на замор, стрес или напнатост.

Ако ненадејно се појави необјаснива болка над половината – во вилицата, вратот, рамото или раката – и постојат ризик-фактори како висок крвен притисок, дебелина или пушење, не треба да се игнорира. Таквите болки можат да бидат предупредување дека срцето страда и дека е потребно навремено дејство.

Сепак, болката во вилицата не значи секогаш срцев удар – може да биде предизвикана од проблеми со забите, мускулите или ‘рбетот. Но ако се појави ненадејно и без јасна причина, најдобро е веднаш да се консултира лекар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран