УТРО.мк

Повлечен од пазарот популарен чај: Може да биде опасен по здравјето

Повлечен од пазарот популарен чај: Може да биде опасен по здравјето
Vero

Хрватската платформа „Halo, inspektore“ предупредува на повлекување од пазарот на чај кој може да биде штетен за здравјето на потрошувачите. Станува збор за производот Чај Плуќњак 30g, серија: L07441 и L07442, рок на употреба до 30.09.2026, поради зголемена количина на пиролизидински алкалоиди.

Овие соединенија се токсични и се наоѓаат во многу видови растенија, каде природно го штитат зеленилото од билојадни инсекти. Кај луѓето, пиролизидинските алкалоиди можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб и други здравствени проблеми.

Производот е произведен од SUBAN d.o.o., Galici 8, Стрмец кај Загреб, а повлекувањето се однесува исклучиво на наведениот чај. Потрошувачите се советуваат да ги проверaт своите ормари и да не го консумираат производот.

Платформата истакнува дека иако некои од овие растенија се користеле во народната медицина, високите концентрации на пиролизидински алкалоиди може да бидат опасни за здравјето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран