Во последниве години, second hand и vintage продавниците бележат голем раст, а купувањето на користена облека станува економичен и еколошки тренд. Сепак, експертите предупредуваат дека половната облека пред носење задолжително треба да се темелно дезинфицира, бидејќи може да содржи бактерии, вируси, габи и паразити кои предизвикуваат сериозни инфекции.
Истражувањата покажуваат дека половната облека може да биде резервоар на опасни микроорганизми:
• Staphylococcus aureus – предизвикува инфекции на кожа и крв
• Salmonella и E. coli – можат да предизвикаат дијареја, повраќање и треска
• Norovirus и rotavirus – главни причинители на цревни инфекции
• Габи – одговорни за атлетско стапало и лишаи
Студија спроведена во Пакистан откри присуство на Bacillus subtilis, Staphylococcus aureus и паразити кои предизвикуваат шуга и дерматитис на облека купена на пазар.
Микробите можат да преживеат на облеката со месеци:
• На памук и мешавини – до 90 дена
• На полиестер – до 200 дена
Најзагрозени се лицата со ослабен имунитет, кои треба да бидат особено внимателни при купување и носење половна облека.
Совети за безбедно користење на половна облека:
• Перење на 60°C – уништува најголем дел бактерии и вируси
• Користење дезинфициенс – особено ако не е можно перење на висока температура
• Одделно перење – за да се намали ризикот од контаминација
• Намакување пред перење – во топла вода со антибактериски детергент 2-3 часа
• Пеглање со пареа на околу 60°C – дополнително уништува бактерии, вируси и јајца на паразити
Експертите истакнуваат дека не треба да се се потпирате на тоа дека продавниците ја мијат облеката пред продажба. Секоја половна облека треба да се пере веднаш по купувањето, а истото важи и за новата, која поминува низ многу раце пред да стигне до купувачот.