УТРО.мк

По Скопје и Битола, ова е третиот град со најмногу Македонци во светот

По Скопје и Битола, ова е третиот град со најмногу Македонци во светот
Vero

Торонто, најголемиот град во канадската провинција Онтарио, се издвојува како мултикултурна метропола каде живеат луѓе од сите краеви на светот. Во градот и околината, бројни имигрантски заедници ја негуваат својата култура и традиција, најчесто преку верските објекти.

Според пописот од 2021 година, во Торонто живеат околу 2,7 милиони луѓе, додека во пошироката област на градот бројката достигнува над 11,1 милиони. Македонската дијаспора во Канада официјално брои 39.440 лица, но според здруженијата на иселениците, бројот е значително поголем. Оценките велат дека во Торонто и околината живеат околу 70.000 до 80.000 Македонци, што го прави овој град трет по големина македонски град по Скопје и Битола.

Македонската православна епархија за Америка и Канада управува со девет парохии и една монашка заедница, а во источниот дел на Торонто најпозната е црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам. Неделната литургија се служи на македонски и англиски јазик, при што венчавките, крштевките и погребите се одржуваат на англиски заради присуство на помладите генерации кои не го зборуваат македонскиот јазик.

Отец Горан Ристески, кој служи во црквата од 2015 година, посочува дека црквата игра централна улога во зачувувањето на верата, јазикот и традицијата. „Организираме изучување на македонски јазик, негуваме фолклор и играорни групи, како и фестивали со македонски јадења и песни“, вели отец Ристески, додавајќи дека ново воведените часови по македонски јазик се отворени и за возрасни.

Македонците во Канада се доселувале во повеќе бранови, уште од почетокот на 20 век, особено по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција (1947-49), како и во 60-тите години. Независно од точните бројки, заедницата ја негува својата културна и верска идентичност, активно учествувајќи во канадското општество.

Извор: ekonomijaibiznis.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран