
Неименувана земја-членка на Европската унија поднела приговор на дизајнот што Бугарија го предложила за специјална евро-монета посветена на бугарската азбука, пренесуваат европски извори.
Според информациите, Советот на ЕУ одбил да ја објави официјалната забелешка, со образложение дека тоа би можело да го наруши „многу чувствителниот процес на одлучување“.
Случајот предизвика внимание во европската јавност, бидејќи постапката за одобрување на комеморативни монети во еврозоната обично се смета за техничка и консензуална, но во овој случај се појавиле забелешки од една членка, чиј идентитет засега не се открива.
Бугарскиот предлог се однесува на издавање специјална монета во чест на бугарската азбука, како дел од националната културна и историска симболика.
Засега не е познато какви се конкретните приговори, ниту дали процесот ќе продолжи со измени на дизајнот или ново гласање.


















