Ако јадете лук секој ден, ќе бидете здрави како дрен: Природен спас за имунитетот
Белиот лук е моќна природна намирница која ја јакне отпорноста на организмот, помага во регулирање на крвниот притисок и холестеролот и го чува здравјето на срцето.
Со наближување на периодот на настинки и вируси, телото бара дополнителна заштита, а белиот лук е еден од најсилните природни сојузници во тоа.
Како влијае на организмот:
- Редовната консумација помага во борбата против вирусите.
- Ја подобрува циркулацијата и го регулира крвниот притисок и холестеролот.
- Се смета дека неколку чешлиња неделно носат долгорочни придобивки за здравјето.
Што се случува по јадењето:
- Првиот час: телото ја апсорбира хранливата вредност на лукот.
- По шест часа: се активира согорувањето на маснотии.
- По седум часа: активните соединенија делуваат антибактериски и го чистат крвотокот.
Здравствени придобивки:
- Ја јакне имунолошката одбрана и ги ублажува симптомите на настинка.
- Ги намалува ризиците од срцеви заболувања со снижен крвен притисок.
- Помага во балансирање на холестеролот, намалувајќи „лошиот“ и зголемувајќи го „добриот“.
Белиот лук е нискокалоричен и богат со манган, селен, витамини B6 и C и влакна. Најдобро делува кога ченовите се сецкаат, гмечат или џвакаат, бидејќи тогаш се ослободуваат активните супстанции кои го чистат и јакнат организмот.























