Како да препознаете вистинско маслиново масло: Не ѝ верувајте слепо на етикетата
Маслиновото масло одамна се смета за здрава алтернатива на сончогледовото, но експертите предупредуваат дека дури 90 отсто од производите на пазарот не се добиени на исправен начин – без оглед на тоа што пишува на декларацијата. Затоа, клучот за препознавање на вистинското маслиново масло се крие во два едноставни, но важни критериуми: мирисот и вкусот.
Мирисот открива многу
Според стручното мислење, квалитетното маслиново масло има свеж, овошен и тревест мирис. За најпрецизна проценка, се препорачува да се сипе мала количина во чаша и да се загрее на приближно 27°C. На таа температура, маслото почнува да испарува и да ги ослободува своите природни ароми – знак дека не е мешано со други масла или подложено на хемиска обработка.
Вкусот треба да „пецне“
Покрај мирисот, вкусот е вториот сигурен показател. Вистинското маслиново масло има интензивен, горчлив и пикантен вкус – доволно силен за да предизвика кашлање или солзење. Токму оваа реакција е доказ дека маслото е добиено директно од маслинки, без додатоци и вештачки состојки.
Бојата не е пресудна
Иако зелената нијанса може да упати на свежина, бојата сама по себе не е мерило за квалитет. Главните показатели остануваат мирисот и вкусот.
Издржува и високи температури
Интересен факт е дека вистинското маслиново масло е отпорно и на високи температури, што го прави погоден избор и за пржење – уште еден знак за неговата вредност и чистота.