УТРО.мк

Драматичен судир меѓу авион и параглајдер снимен од камера (ВИДЕО)

Драматичен судир меѓу авион и параглајдер снимен од камера (ВИДЕО)
Vero

Вистинска драма се одвивала во близина на австрискиот град Цел ам Зе (Zell am See), кога параглајдерка се судрила со мал авион од типот „Цесна 172“ среде лет, во инцидент што можел да заврши трагично.


Според информациите од локалната полиција, несреќата се случила во саботата околу 13:15 часот над подрачјето кај Пинцгауер Хуте. 44-годишна Австријка полетала со параглајдер од Шмитенхое кон Пизендорф, кога во воздух дошло до судир со авионот управуван од 28-годишен пилот.


По ударот, параглајдерката успеала навреме да го активира спасувачкиот падобран, со што избегнала многу посериозни последици. Според информациите, таа кратко потоа безбедно слетала.


Од друга страна, пилотот на авионот „Цесна 172“, кој летал од долината Глем кон Цел ам Зе, успеал безбедно да го приземји авионот на аеродромот во Цел ам Зе.


Инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, особено по објавувањето на драматичната видео-снимка од моментот на судирот.
Надлежните служби започнаа истрага за да ги утврдат точните причини и околности што довеле до несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран