ОВЕН
Денешниот ден ви носи нови професионални шанси – искористете ги за да го збогатите знаењето и да ја зацврстите својата позиција. Не оставајте работите да се одвиваат по инерција, бидејќи некој може да ве претекне. На емотивен план, светот го гледате низ посветли бои – уживате во хармонијата со саканата личност.
БИК
Настапувате претпазливо и избегнувате непотребен ризик во деловните и финансиските одлуки. Ќе се соочите со предизвици кои не ви се по мерак, но со добар совет од поискусна личност, сè ќе заврши поволно. Во љубовта копнеете по повеќе разбирање и нежност, но однесувањето на партнерот често ви буди несигурност.
БЛИЗНАЦИ
Некои нови случувања на работа ве загрижуваат и ја забавуваат реализацијата на вашите идеи. Сепак, вашата упорност и ефикасност ќе бидат препознаени и вреднувани. Во приватниот живот, внимавајте на озборувања – довербата ја давајте само на најблиските.
РАК
Добивате корисни совети кои лесно можете да ги примените при решавање на сложени прашања. Обидете се да ги усогласите вашите идеи со оние на другите. Во љубовната врска, чувствувате потреба за поголема искреност – имате впечаток дека некои информации ви се прикриваат без јасна причина.
ЛАВ
Покажувате силна амбиција и не дозволувате никој да ви се спротистави. Бидете внимателни со одлуките кои носат ризик или бараат значителна инвестиција. Потребна ви е семејна стабилност за да ја повратите емоционалната рамнотежа. Партнерот ве инспирира на позитивни постапки и искрени емоции.
ДЕВИЦА
Околностите околу вас се менуваат и тешко е да се предвиди туѓата реакција. Придржувајте се до докажани принципи и избегнувајте избрзани потези. Одложете некои обврски за подобро време. Во љубовта, се чувствувате исполнето – препуштете им се на емоциите.
ВАГА
И покрај вашиот вложен труд, некои непредвидени околности ги нарушуваат вашите планови. Бидете добро организирани и држете се до роковите. Во љубовта, се менувате од надеж до сомнеж – не се откажувајте лесно и не се оддалечувајте од саканата личност.
ШКОРПИЈА
Минувате низ фази на инспирација и креативност, но не секогаш сте подготвени да ги слушнете туѓите забелешки. Во љубовната врска, сте решени да промените некои навики што ве ограничуваат. Следете го инстинктот – тој ве води кон вистинскиот момент.
СТРЕЛЕЦ
Време е да ги преиспитате своите критериуми и да направите нови договори кои ќе ви ја зајакнат позицијата. Ваша сила се идеите – не се плашете да ги застапувате. Во љубовта, сакате да направите нешто посебно што ќе остави траен впечаток кај партнерот.
ЈАРЕЦ
Некои од вашите соработници не ги почитуваат договорените обврски, што предизвикува загуби. Иако вестите што ги добивате не ве радуваат, не престанувате да барате решенија. Во љубовта, немојте да се фокусирате на ситници и да се жалите – разговорот со партнерот ќе ви помогне да ги расчистите недоразбирањата.
ВОДОЛИЈА
Денес сте одлучни да ги реализирате сите замисли. Потребна ви е поддршка од луѓе на кои можете да им верувате. Во љубовната врска, не инсистирајте на промени што не се во ваша моќ – прифатете го партнерот онаков каков што е.
РИБИ
Одговорно ги извршувате обврските и внимателно постапувате при носењето одлуки. Вашата професионална стабилност не треба да зависи од туѓи влијанија. Во љубовта, не вреди да се враќате на стари несогласувања – насочете се кон она што ја гради врската.