Познатиот кардиохирург д-р Џереми Лондон од Џорџија, со повеќе од 25 години искуство, во видео што стана вирално на TikTok сподели четири навики што треба да се избегнуваат по 40-тата година за да се зачува здравјето. Неговиот совет собрал повеќе од 2,6 милиони прегледи и привлече големо внимание, пренесува Daily Mail.
1. Заборавете на алкохолот
Д-р Лондон препорачува по 40-тата година сериозно да се размисли за ограничување или целосно откажување од алкохолот.
„Ако навистина сакате вашето тело да има долгорочна корист, намалете или целосно исклучете го алкохолот. Тој е токсичен за секоја клетка во организмот,“ изјави тој.
Сепак, додаде дека тоа е личен избор и важно е луѓето свесно да ги носат своите одлуки.
2. Кажете збогум на пушењето
Кардиохирургот има ист став и кога станува збор за пушењето и електронските цигари.
„Мислам дека никој нема да се расправа дека тоа е штетно. Го зголемува ризикот од рак на белите дробови, срцев и мозочен удар. Не пушете, не вејпувајте,“ предупреди докторот.
3. Не го занемарувајте сонот
Третата препорака на д-р Лондон се однесува на спиењето.
„Не го заменувајте сонот со други активности,“ рече тој, признавајќи дека и самиот понекогаш се соочува со овој проблем.
Одржувањето на квалитетен сон е клучно, особено со напредувањето на возраста, бидејќи одморот е основа за физичко и ментално обновување.
4. Избегнувајте токсични луѓе
Последниот совет на докторот е да се држите подалеку од токсични личности.
„Фокусирајте се на односите со луѓето што ги сакате и што ви значат, затоа што на крајот – тоа е она што навистина вреди,“ нагласи тој.
Советите на д-р Лондон предизвикаа бројни позитивни реакции. Многумина се согласија дека откажувањето од алкохол и пушење, квалитетниот сон и здравите односи значително го подобруваат квалитетот на животот по 40-тата година.























