УТРО.мк

Зелената енергија како бизнис: Кој произведува профит под висок напон?

Зелената енергија како бизнис: Кој произведува профит под висок напон?
Vero

Зелениот енергетски бран што преку финансиски стимулации и кредитни поволности се шири низ земјава, не се мери само во мегавати, туку и во милиони евра приход и профит. Производството на електрична енергија од обновливи извори, кое на почетокот се наметна како еколошка определба за општо добро, се претвора во конкретен, исплатлив бизнис.

Во услови на засилени инвестиции во фотоволтаици, ветерници, мали хидроцентрали, секторот што се потпира на сонцето, ветерот и водата лани остварил приход од 127 милиони евра, што е за 16,16 насто повеќе во споредба со претходната година. Износот е генериран од 540 компании, а податоците од Бизнис Мрежа покажуваат дека нивниот заеднички профит се зголемил за само 2,33 насто, достигнувајќи го прагот од 25 милиони евра. Во просек, секоја од фирмите има заработка од околу 46 илјади евра.

Од анализата на Пари произлезе дека обемот на работа во секторот се проширува, но профитабилноста не го следи истиот интензитет – приходите растеле речиси седумпати побрзо од добивките.

Целиот текст може да го прочитатњ на pari.com.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin