Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека до крајот на ноември или на почетокот на декември ќе ги утврди цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Компаниите веќе ги доставиле своите барања.
„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67%, операторот на пазарот не побара промени, а Електродистрибуција ќе ја утврди својата позиција по тендерот за набавка на загуби на електрична енергија“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој додаде дека не се очекуваат значајни промени во цените што ги определува Комисијата, а по завршување на тендерот, универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и малите потрошувачи.























