УТРО.мк

Решение се бара за 550 вработени во Лукоил Македонија по најавата за продажба на имотот

Решение се бара за 550 вработени во Лукоил Македонија по најавата за продажба на имотот
Vero

Се бара решение за 550-те вработени во македонската подружница на руската компанија „Лукоил“, откако компанијата одлучи да го продаде својот имот во странство по воведените санкции од САД за нафта.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, изјави дека компанијата треба да добие шанса да продолжи со работа и снабдување на деривати од други земји.

„Имав средба со претставник на Лукоил Македонија и тој ќе преземе сите мерки за вработените да не останат без работа. Лукоил може и понатаму да обезбедува нафтени деривати, не само од Бугарија, туку и од други земји. Во овој дел треба да му дадеме шанса да продолжи да работи и да снабдува, без да зависи исклучиво од руски рафинерии“, истакна Бислимоски.

Лукоил во Македонија располага со 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од 8.320 кубни метри.

Извор: а1on.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран