Просечната годишна плата за полно работно време во Европската унија во 2024 година достигнала 39.800 евра, што е раст од 5,2 проценти во споредба со претходната година, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.
Највисоки просечни годишни плати биле забележани во Луксембург, каде што вработените заработувале во просек 83.000 евра. Следуваат Данска со 71.600 евра и Ирска со 61.100 евра.
На спротивниот крај на листата се земјите со најниски просечни приходи – Бугарија со 15.400 евра, Грција со 18.000 евра и Унгарија со 18.500 евра годишно.
Според Евростат, растот на платите се должи на зголемената побарувачка за работна сила, инфлациските прилагодувања и политиките на повеќето земји членки за подобрување на животниот стандард.























