УТРО.мк

Повисоката цена на струјата го прави македонскиот индустриски сектор неконкурентен на европскиот пазар

Повисоката цена на струјата го прави македонскиот индустриски сектор неконкурентен на европскиот пазар
Vero

Земјите од регионот на Југоисточна Европа, вклучително и Северна Македонија, се соочуваат со највисоки цени на електрична енергија во Европа, што сериозно го нарушува нивниот индустриски развој и конкурентност на европскиот пазар. Ова го потврдува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, кој истакна дека Македонија ја поддржува иницијативата на Грција, Бугарија и Романија за анализа на големите разлики во цените на струјата меѓу земјите.

„Нашите индустриски производи не се конкурентни на европскиот пазар поради повисоките цени на струјата“, посочи Бислимоски и објасни дека едноставно нема доволна транспарентност за причините на овие разлики, и покрај барањата упатени до Европската енергетска заедница.

Покрај тоа, тој нагласи дека еден од клучните проблеми е начинот на прераспределба на прекуграничните преносни капацитети, особено во Австрија, што влијае на протокот на електрична енергија во регионот. Цените на берзите за струја во земјите кои не се членки на Европската Унија, вклучително и Македонија, се значително повисоки во однос на оние во земјите од ЕУ.

Во оваа насока, здруженијата на енергетски интензивни индустрии од Грција, Бугарија и Романија исто така побараа од Европската комисија да обезбеди механизам за поддршка додека не се отстранат физичките бариери што го изолираат југоистокот од централна Европа.

Цените на електричната енергија во Северна Македонија се речиси три пати повисоки од оние во земји како Франција, што дополнително ги отежнува условите за развој и извоз на домашните индустриски производи.

Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за енергетика продолжуваат да бараат решенија и побараа анализа од Европската енергетска заедница за да се најдат начини за намалување на овие разлики и подобрување на конкурентноста на домашниот пазар.

Извор: Вечер.Пресс

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран