УТРО.мк

Од 1 август: Фиксни и поевтини надоместоци за плаќања во евра преку SEPA

Од 1 август: Фиксни и поевтини надоместоци за плаќања во евра преку SEPA
Vero

Народната банка воведува нов модел за наплата на банкарски трансакции што ќе стартува од 1 август, со кој значително ќе се намалат трошоците за електронски плаќања во земјата и во рамки на SEPA-системот.

Според најавата, новите надоместоци ќе изнесуваат само 3 евра за електронски иницирани налози и 5 евра за налози на хартија, наместо досегашните просечни 14 евра по трансакција преку кореспондентски банки.

„Моделот се заснова на искуствата на централните банки од Евросистемот и е креиран според принципи на транспарентност, предвидливост и поедноставување на процесите“, информираат од Народната банка.

Новите промени ќе ја поддржат дигитализацијата на платниот промет, ќе ги стимулираат граѓаните и компаниите да преминат на електронски плаќања и ќе придонесат кон поефикасен и поевтин банкарски систем во пресрет на целосно приклучување кон европскиот SEPA-платен простор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран