УТРО.мк

Николоски: Модерните автопати се клучни за намалување на сообраќајните несреќи

Николоски: Модерните автопати се клучни за намалување на сообраќајните несреќи
Vero

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека државата вложува значителни финансиски средства во изградба на модерна и безбедна патна инфраструктура, со цел директно да се влијае врз намалувањето на сообраќајните незгоди и подигнување на општата безбедност во сообраќајот.

Според Николоски, во тек е интензивна работа на автопатските проекти долж коридорите 8 и 10д, а до крајот на месецов се очекува избор на изведувач за автопатот Кичево–Букојчани. Тој посочи дека автопатите претставуваат најбезбеден тип инфраструктура и дека државата токму таму го насочува најголемиот дел од инвестициите.

„Го завршуваме автопатот Кичево–Охрид, активно се гради делницата Букојчани–Гостивар, популарната Стража, а во тек е и проектот Тетово–Гостивар кој, иако често се сметаше за автопат, е експресен пат. Работиме и на новиот автопат Прилеп–Битола, а се бараат решенија и за делот Прилеп–Фариш“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека е неопходна силна координација меѓу Министерството за транспорт и врски, МВР и другите институции, но и промена на свеста кај граѓаните за почитување на сообраќајните правила.

„Мора заеднички да дејствуваме за да ја подобриме црната статистика. Инфраструктурата е важна, но без почитување на законите нема резултати“, додаде Николоски.

Покрај автопатите, вицепремиерот истакна дека значајни се и вложувањата во магистралните, регионалните и локалните патишта, како дел од поширокиот план за подобрување на сообраќајната безбедност во целата држава.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран