УТРО.мк

„Македонијатурист“ со 26% повисока добивка во првите девет месеци од 2025 година

„Македонијатурист“ со 26% повисока добивка во првите девет месеци од 2025 година
Vero

Компанијата „Македонијатурист“ АД Скопје во првите девет месеци од 2025 година оствари добивка по оданочување од 202,3 милиони денари, што претставува зголемување од околу 26 проценти во споредба со истиот период минатата година, кога добивката изнесуваше 159,75 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Вкупните приходи на компанијата достигнаа 515,8 милиони денари, што е раст од 35 проценти во однос на лани. Приходите од продажба, кои се главно резултат на хотелските и ресторанските услуги, бележат зголемување од 2 проценти во споредба со првите девет месеци од 2024 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето изнесуваат 297,15 милиони денари, што е раст од 27 проценти во однос на истиот период минатата година.

„Македонијатурист“ наведува дека позитивниот финансиски резултат произлегува од зголемената побарувачка за туристички и угостителски услуги, подобрената искористеност на хотелските капацитети и ефективното управување со трошоците во услови на зголемени оперативни активности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран