УТРО.мк

Изет Меџити: Со 90 милиони евра започнува втората фаза од најголемиот проект за управување со отпад во земјата

Изет Меџити: Со 90 милиони евра започнува втората фаза од најголемиот проект за управување со отпад во земјата
Vero

Со нов грант од 2 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и вкупна инвестициска рамка од 90 милиони евра, започнува втората фаза од најголемиот проект досега за управување со отпад во Северна Македонија, информира првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

По успешната реализација на првата фаза во Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион, проектот продолжува со нова динамика и се проширува во Вардарскиот и Југоисточниот регион.

„Започнуваме сериозна системска трансформација во справувањето со отпадот – инвестираме во чиста животна средина, во здравјето на граѓаните и во европската иднина на државата,“ изјави Меџити.

Новата фаза вклучува:
• Изградба на санитарни депонии според највисоки еколошки стандарди;
• Креирање на модерни трансфер станици;
• Обезбедување специјализирани возила и ефикасен систем за собирање и транспорт;
• Затворање и санација на дивите депонии, кои со години претставуваат закана за здравјето и природата.

Изет Меџити нагласи дека овој проект воведува нов, структуриран и правичен модел на управување со отпад за сите региони во државата, заменувајќи го деценискиот хаос и импровизација со современи решенија.

„Градиме нов стандард во јавните услуги – таму каде што претходно имаше само проблеми, сега воспоставуваме одржлив систем кој ќе служи на граѓаните и идните генерации,“ потенцираше Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран