УТРО.мк

Интензивни градежни активности на автопатот Кичево–Охрид: Над 1.100 работници на терен, пуштање на делницата кон крајот на летото

Интензивни градежни активности на автопатот Кичево–Охрид: Над 1.100 работници на терен, пуштање на делницата кон крајот на летото
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски преку видео објава на својот Фејсбук профил информираше дека на автопатската делница од Климештани до Охрид се одвиваат интензивни градежни активности со голем човечки и механички капацитет.

„Во овие осум месеци на терен работат над 400 камиони, повеќе од 100 булдожери од различни типови, како и специјализирана механизација за работа на потпорни конструкции. Ангажирани се околу 1.100 до 1.200 работници по целата траса“, соопшти Мицкоски.

Работите се изведуваат на целата траса од автопатот, од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри. Премиерот потенцира дека овој инфраструктурен проект е дел од пошироката визија за развој и модернизација на земјата. „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените“, истакна тој.

Објавата ја сподели и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој е директно вклучен во реализацијата на проектот.

Според најавите од Владата, делницата од Климештани до Охрид се очекува да биде комплетно пуштена за сообраќај до крајот на летото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран