УТРО.мк

Дизелот скокна за 14,5 денари – РКЕ ги објави новите цени на горивата

Дизелот скокна за 14,5 денари – РКЕ ги објави новите цени на горивата
Vero

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година.

Новите максимални цени на горивата ќе стапат во сила од 10 март 2026 година во 00:01 часот.

Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.

Најголемото поскапување е кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе изнесува 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека зголемувањето на цените е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според нивните пресметки, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.

Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран