УТРО.мк

Божиновска: Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем

Божиновска: Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети акредитираната лабораторија на Електродистрибуција, која повеќе од една деценија врши метролошка проверка и инспекција на броила. Посетата беше дел од активностите за обезбедување точност и транспарентност во мерењето на потрошената енергија.

– Точноста на броилата значи доверба – доверба дека секој граѓанин плаќа за реално потрошена енергија – истакна Божиновска.

Лабораторијата располага со најсовремена технологија, вклучително седум испитни станици од германската компанија ЕМХ, со кои секојдневно се обезбедува прецизно и сигурно тестирање на броилата што ги користат домаќинствата низ државата. Последната надзорна оценка потврди дека Телото за инспекција на броила ги исполнува сите меѓународни стандарди.

Министерката и директорот на Бирото за метрологија најавија дека наскоро во Бирото ќе биде ставена во функција современа опрема за државна контрола и верификација на броилата. Ова ќе овозможи секој граѓанин независно да ја провери исправноста на своето броило во државна институција.

– Контролата на броилата е прашање на фер однос, јавен интерес и транспарентност. Ќе продолжиме со редовни контроли и поддршка на сите институции што обезбедуваат доверба во системот – заклучи Божиновска.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран