УТРО.мк

(ВИДЕО) Автобус и „Сеат Ибица“ се судрија на бул. „Јане Сандански“ – еве кои се првични сомнежи за причината

(ВИДЕО) Автобус и „Сеат Ибица“ се судрија на бул. „Јане Сандански“ – еве кои се првични сомнежи за причината
Vero

Сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, каде според првичните информации се судриле автобус и патничко возило марка „сеат“.

Според информациите објавени од очевидци на социјалните мрежи, според поставеноста на возилата по несреќата постојат претпоставки дека автомобилот се движел во спротивна насока, но засега нема официјална потврда за причините што довеле до судирот.

Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, додека според досегашните информации нема потврда за повредени лица.

Надлежните служби се очекува да утврдат како дошло до несреќата, а повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалните информации од институциите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран