Трагедија го потресе струшкиот регион откако вчера попладне (19 јули 2025) во водите на Охридското Езеро, во близина на струшкото крајбрежје, беше пронајдено безживотно тело на маж.
Случајот бил пријавен во 16:30 часот во ОВР Струга, а по преземени мерки и извршен увид било утврдено дека станува збор за К.И. (49) од селото Волино, општина Дебрца.
Екипа од Итната медицинска помош ја констатирала смртта, при што не биле забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за понатамошно расветлување на причините за смртта.