УТРО.мк

Трагедија на автопатот Табановце-Куманово: Моторциклист излетал и загинал на лице место!

Трагедија на автопатот Табановце-Куманово: Моторциклист излетал и загинал на лице место!
Vero

Куманово, 20 јули 2025 – Трагедија се случи рано утрово околу 02:10 часот на автопатот Табановце–Куманово, каде што 34-годишниот В.С. од селото Лопате загина управувајќи моторцикл марка „Хонда“ со кумановски регистарски ознаки.

Според информациите од СВР Куманово, моторциклистот излетал од коловозот под засега неутврдени околности. Екипа на Итната медицинска помош пристигнала на лице место, но само можела да констатира смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на загинатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово. Се работи на целосно расветлување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран