УТРО.мк

Тетовец измамен за 250 евра со лажни ветувања за „туѓа нега“

Тетовец измамен за 250 евра со лажни ветувања за „туѓа нега“
Vero

Во Секторот за внатрешни работи Тетово 66-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од лице со иницијали С.Н., кое му ветило дека ќе му обезбеди социјална помош во форма на „туѓа нега“.

Според пријавата, измамата се случила во јуни годинава, кога осомничениот му рекол на оштетениот дека неговата сопруга наводно работи во Центарот за социјални работи во Тетово и е член на комисија за доделување на ваква помош. Со тоа го довел во заблуда и му побарал 250 евра за да му „заврши работа“, ветувајќи дека парите ќе бидат надоместени кога ќе се одобри помошта.

Откако ги добил парите, лицето престанало да се јавува и не ја исполнило ветената услуга. Случајот бил пријавен на 31 октомври, по што полицијата започнала со мерки за целосно расчистување и документирање на измамата.

Од СВР Тетово апелираат граѓаните да не наседнуваат на вакви ветувања и секогаш да пријавуваат сомнителни понуди за посредување во државни институции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран