УТРО.мк

Тетовчанец извадил пиштол на брат му – семејна кавга завршила со закани по живот!

Тетовчанец извадил пиштол на брат му – семејна кавга завршила со закани по живот!
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 67-годишниот Ш.Х. од Тетово поради сомнение дека сторил две кривични дела — „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Според информациите од полицијата, на 23 април годинава, во дворот од семејната куќа во Тетово, пријавениот започнал жестока расправија со својот брат. Во еден момент, тој извадил пиштол и му упатил сериозни закани по живот.

Инцидентот бил пријавен во полиција, по што биле преземени соодветни мерки. Против осомничениот е поднесена кривична пријава и случајот е проследен до надлежното обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран