УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа кај Евзони – километарски колони кон Солун

Тешка сообраќајна несреќа кај Евзони – километарски колони кон Солун
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот во Грција, на делницата што води кон Солун, при што едно лице го загуби животот, а сообраќајот е целосно парализиран.

Според првичните информации од грчките медиуми, несреќата се случила веднаш по наплатната рампа Малгара, во близина на клучката кај Евзони. Во директниот судир учествувале патнички автомобил и товарно возило.

Во несреќата тешко била повредена 70-годишна жена, која по итниот транспорт во болница им подлегнала на повредите. Мажот кој се наоѓал во автомобилот се здобил со полесни повреди и е хоспитализиран.

Неофицијално, до судирот дошло кога автомобилот со задниот лев дел удрил во камионот. Точните околности и причините за несреќата ќе бидат утврдени по завршувањето на увидот што го спроведува грчката сообраќајна полиција.

Поради возилата кои останале на коловозот по несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин, а формирани се и километарски колони во правец кон Солун.

На местото на настанот се присутни повеќе полициски екипи кои работат на расчистување на теренот и регулирање на сообраќајот, со цел што побрзо да се воспостави нормален проток на возила.

Надлежните упатија апел до сите возачи кои патуваат кон Солун да бидат трпеливи, да ги следат упатствата на полицијата и да возат со зголемена претпазливост.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin