На 12.11.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, Е.А.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот од пред семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка заминала со Е.Д., со кого била во врска, откако претходно се заканил дека со запалива течност ќе им ја запали куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.























