Куманово, 20 јули – Рано утринава, околу 02:10 часот, во кумановската населба Средорек избувна пожар откако пијан маж фрлил молотов коктел и запалил сува трева на влезот од населбата, информираат од СВР Куманово.
Полициска патрола веднаш излегла на терен и го затекнала сторителот – 27-годишниот С.С. од Куманово, кој бил идентификуван од очевидец и веднаш приведен. При алкотестирање било утврдено дека С.С. имал 2,40 промили алкохол во крвта.
Случајот е предаден на понатамошна обработка, а од СВР Куманово најавуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.