Во утринските часови на 18 јули 2025 година, во 05:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот С.М. од селото Џепчиште, откако во неговиот дом било пронајдено 13-годишно девојче од тетовско село за кое нејзината мајка (44) претходно пријавила дека се оддалечила од домот.
Според информациите, за случајот бил веднаш известен јавен обвинител, а во постапката била вклучена и стручна служба од Центарот за социјални работи Тетово.
С.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 190-а од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволени дејствија со малолетни лица. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот.