УТРО.мк

Полицијата во акција – Запленети пари и дрога

Полицијата во акција – Запленети пари и дрога
Vero

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска уапсија лице од Скопје поради поседување и трговија со наркотични средства.

На улицата „Христо Татарчев“ во скопска Кисела Вода, при легитимирање и преглед на С.М. од Скопје, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари. При дополнителен преглед на неговото патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, полицијата открила поголема количина марихуана.

Со судска наредба бил извршен и претрес во домот на С.М., при што во подрумска просторија биле пронајдени големи количини марихуана и две дигитални ваги.

Осомничениот е лишен од слобода, а јавен обвинител е известен за случајот. По целосно документирање, против С.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран