УТРО.мк

Полицијата откри огромна количина муниција и канабис – МВР со детали

Полицијата откри огромна количина муниција и канабис – МВР со детали
Vero

Во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, криминалистичката полиција од СВР Охрид откри голема количина оружје и дрога што нелегално ги поседувал 48-годишниот Г.М. од соседното село Подмоље.

При претресот, спроведен на 31 октомври 2025 година со судска наредба, полицијата одзела 1.357 парчиња муниција од различен калибар, 488 стебла канабис, сандак со куршуми калибар 7,62 мм, два стари револвери, пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, две автоматски пушки, тромблонски држач, тело и иницијална каписла од рачна бомба, како и пакувања со црна грутчеста и кафеава прашкаста материја и други предмети поврзани со незаконска активност.

Лицето е задржано во полициската станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран