УТРО.мк

Почина млада жена во Тетовската болница, се истражуваат околностите

Почина млада жена во Тетовската болница, се истражуваат околностите
Vero

Млада жена од тетовското село Копанце починала во раните утрински часови во Тетовската болница, а случајот е предмет на истрага од надлежните институции.

Според информациите од болницата, пациентката била примена во итната медицинска помош околу 03:00 часот во тешка состојба и потоа префрлена на Инфективното одделение, каде што починала. Неофицијално, таа претходно примала терапија во приватни болници, пред да биде примена во јавната установа.

Од Министерството за здравство соопштија дека е инициран инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на фактичката состојба, а јавноста ќе биде известена по завршувањето на постапката.

МВР информираше дека во 03:20 часот, член од семејството на починатата пријавил дека пациентката била примена на лекување претходниот ден во 19:00 часот, но наводно не ѝ била укажана соодветна медицинска помош. Поради тоа, формиран е тим за испитување на настанот, кој ќе работи во координација со дежурен јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово.

Точната причина за смртта ќе биде утврдена по извршување на обдукција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран