
Четириесет и петгодишен тетовец пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во центарот на Тетово.
Според информациите од полицијата, на 08.06.2026 година во 16:50 часот, Д.А. (45) од Тетово пријавил дека околу 16:00 часот на улицата „Борис Кидрич“, пред Домот на АРМ, неговиот малолетен син бил физички нападнат.
Како што е наведено во пријавата, нападот бил извршен од непознато малолетно лице, на возраст од околу 12 години.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

















