УТРО.мк

Кумановец пријавен за фалсификувана диплома при вработување во јавно претпријатие

Кумановец пријавен за фалсификувана диплома при вработување во јавно претпријатие
Vero

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишниот М.Ј. од Куманово, поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Според полицијата, пријавениот во текот на 2023 година набавил фалсификувана диплома од средно училиште во Скопје, која потоа ја користел при аплицирање на јавен оглас за вработување во јавно претпријатие во Куманово.

Случајот е документиран и по комплетирање на доказите, ќе следува соодветна правна постапка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран