УТРО.мк

Голема полициска акција во Скопје: Разбиена мрежа – МВР со детали

Голема полициска акција во Скопје: Разбиена мрежа – МВР со детали
Vero

Голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена против организирана група која се занимавала со трговија со кокаин, дознава неофицијално „Вечер“.

Акцијата се одвива во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, каде инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле упади на повеќе локации. Целта е апсење на осомничени лица инволвирани во продажба и дистрибуција на наркотични супстанци.

Според првичните информации, станува збор за нова криминална група која делувала во западниот дел на главниот град.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали, а повеќе информации за бројот на приведени и запленетата дрога се очекуваат во текот на денот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран