УТРО.мк

Драма на „Јане Сандански“: Автомобил се запали среде сообраќај

Драма на „Јане Сандански“: Автомобил се запали среде сообраќај
Vero

Патничко возило „Поло“ со скопски регистарски ознаки попладнево се запалило додека се движело по булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 17:56 часот. Пријавено било дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило во текот на движењето.

На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи успеале брзо да го локализираат и изгаснат пожарот.

Од полицијата соопштија дека во инцидентот нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат утврдени по целосното расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin