УТРО.мк

Дете повредено од струен удар додека си играло покрај трансформатор во тетовско село!

Дете повредено од струен удар додека си играло покрај трансформатор во тетовско село!
Vero

Во СВР Тетово на 17 јули околу 16:20 часот било пријавено дека во Ургентниот центар во Тетово е донесен 12-годишно дете од селото Седларево со повреди здобиени од струен удар.

Според пријавеното, детето било повредено додека си играло во близина на трансформатор во селото, кога дошло до струен удар под засега неразјаснети околности.

Медицинскиот тим веднаш интервенирал и му укажал лекарска помош, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран