Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во белградската населба Бањица кога автомобил „голф“ удрил во група луѓе. Според неофицијални информации, две лица се повредени и се пренесени во болница.
Несреќата се случила околу 12:30 часот на улицата Бахтијара Вагабзаде. Очевидци велат дека автомобилот се движел со голема брзина. Една од сведочките опиша драматични моменти:
– Возачот беше доста млад и автомобилот се движеше многу брзо. Другиот автомобил се обиде да сврти, но „голфот“ тргна право кон нас. Јас успеав да избегнам, но друга жена беше удрена и заробена под автомобилот, рече таа.
На местото на настанот интервенираа и припадници на војската, бидејќи автомобилот удрил и во оградата на воен објект.
Совозачот во возилото кое удрило во луѓето изјави дека несреќата се случила кога друг автомобил правел полукружно свртување:
– Мислевме дека ќе поминеме, но автомобилот излета од патот. Удривме во тротоарот, а две жени беа повредени. Возачот што направи свртување избегал, рече младиот човек.























