УТРО.мк

23-годишен затвореник од затвор Скопје почина на Клинички – истрагата треба да ги утврди причините

23-годишен затвореник од затвор Скопје почина на Клинички – истрагата треба да ги утврди причините
Vero

На Клиничкиот центар во Скопје починал 23-годишен затвореник од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, кој претходно бил донесен во болницата со сериозно влошена здравствена состојба.


Според информациите, случајот бил пријавен на 7 март во СВР Скопје, кога од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив бил донесен С.Р. (23) од Скопје, осуденик од затворот во Скопје.


И покрај медицинската помош, младиот затвореник починал во 20:10 часот, а лекар ја констатирал смртта.


По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран