На 10 ноември 2025 година, околу 14:55 часот, на локалниот пат од село Кондово кон село Долно Свиларе, скопско, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ управувано од 15-годишник од Скопје и „Фолксваген Пасат“ со возач А.М. (27) од Долно Свиларе, информира МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добија малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник, додека со телесни повреди се здобија други три лица од „Голфот“ и А.М. заедно со двегодишно девојче од „Пасатот“. Повредените беа пренесени и згрижени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот беше извршен увид од екипа на СВР Скопје.























