УТРО.мк

Трагедија во Грција: Двајца убиени, десетина повредени во семејна пресметка

Трагедија во Грција: Двајца убиени, десетина повредени во семејна пресметка
Vero

Најмалку двајца се убиени, а над десет лица се повредени во вооружена пресметка меѓу две семејства во планинското село Вориза, во поширокиот регион на Ираклио на грчкиот остров Крит, јавува дописничката на МИА од Атина.

Локалните медиуми ја опишуваат ситуацијата како масакр и критска вендета. Информациите за жртвите и повредените се сè уште неофицијални, бидејќи во селото неколку часа владеела паника, а полициските сили се на терен во обид да ги откријат сторителите.

Селото е под силна полициска опсада, а на островот итно пристигнал началникот на грчката полиција. Според медиумските извори, инцидентот започнал по експлозивен механизам поставен синоќа пред куќа во изградба, што предизвикало одмазда меѓу семејствата.

Селото наликувало на воена зона, а повредените биле пренесувани со земјоделски возила и автомобили во болници, приватни клиники и здравствени центри.

Критските вендети се традиционални семејни одмазди, кои потекнуваат од старите обичаи на островот, а јавна тајна е дека многу жители на Крит поседуваат оружје. Во Вориза, сличен инцидент се случил и во 1955 година, кога во вендета биле убиени три лица, а 14 повредени.

Вориза е планинско село со 504 жители, познато по својата традиција и историски вендети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран