УТРО.мк

Пукање кај аеродромот во Тирана: Убиен близок соработник на Сулази, напаѓачите го запалиле возилото при бегството

Пукање кај аеродромот во Тирана: Убиен близок соработник на Сулази, напаѓачите го запалиле возилото при бегството
Vero

Едно лице е убиено, а друго е тешко рането во пукотница што денеска околу 14:20 часот се случи на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана, јавуваат албанските медиуми.

Според „Бота Сот“, напаѓачите пукале од „Тојота Јарис“ кон „Мерцедес“ во кој се наоѓале Г.Д. (47) и М.Ш. (40). По нападот, возилото на напаѓачите било пронајдено запалено во близина на Фуш-Круја, што укажува на внимателно планирана акција.

Г.Д. починал на лице место, додека М.Ш. е пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба под медицински надзор.

Албанските медиуми објавуваат дека убиениот е Гилмано Дани, близок соработник и довереник на Емилијан Сулази – едно од најпознатите имиња во албанското подземје, поврзан со изнуда, трговија со дрога и насилство во Тирана и Драч.

На видео материјали што ги објави „Топ Ченел“ се гледа како граѓани и полицајци се обидуваат да го искршат прозорецот на возилото за да стигнат до жртвите.

Полицијата го опколила целиот регион и воспоставила контроли на повеќе локации, но засега нема информации за идентификација или апсење на сторителите. Истрагата е во тек.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран