Во вооружен напад што се случи ноќеска во Подгорица, убиен е Иван Милачиќ, припадник на Шкаљарскиот клан, а уште едно лице е полесно повредено. Според неофицијални извори, повредениот е лице со иницијали С.Р., кој е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора со полесни повреди.
Инцидентот се случил околу 23:55 часот во градината на барот „Таормина“ на улицата Светозара Марковиќ. Очевидци за РТЦГ изјавиле дека напаѓачот пукал директно во жртвите, а потоа побегнал од местото на настанот. Се слушнале помеѓу шест и осум истрели.
Полициската управа на Црна Гора веднаш издаде соопштение во кое потврди дека е извршено убиство и најави дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на сторителот. Истражните органи работат во координација со Вишото државно обвинителство на расветлување на околностите.
Убиството на Милачиќ е второ во рок од само четири дена во поширокото подрачје на Подгорица. На 16 јули беше убиен 29-годишниот Игор Недовиќ, а за убиството се сомничи Аријан Речковиќ (22), по кого полицијата трага од мај годинава.
Барот „Таормина“ утрово беше затворен, а полициско присуство е сè уште забележливо на местото на злосторството. Истрагата продолжува.