Банско, пиринска Македонија – Со свечености, музика и голема народна собирка, во Банско се одбележаа 122 години од Илинденското востание, еден од најзначајните историски настани за македонскиот народ.
Настанот беше проследен со настап на познатата пејачка Ирина Паскалева, чија изведба внесе емоција и гордост кај присутните. Стотици луѓе се собраа во подножјето на Пирин планина за да им оддадат чест на илинденците и преродбениците кои ги положиле своите животи за слободата.